Проектот за поставување на ново улично осветлување се реализира со забрзано темпо. Континуирано се работи на поставување на инсталацијата и на поставување на дополнителни 120 канделабри обезбедени како донација - информираат од локалната самоуправа.
Со реализацијата на овој проект Општина Кавадарци ќе добие ново, квалитетно и поекономично улично осветлување. Ќе се осветлат и оние делови каде што досега немаше поставено канделабри. Проектот е со финансиска вредност од 44 999 000 денари.
Проектот за поставување на паметни клупи е во завршна фаза. Поставени се 2 од предвидените 5 клупи. Клупите се поставени на кејот на реката Луда Мара и на Градскиот парк.
Во наредната фаза ќе се постават паметни клупи во Паркот на револуцијата, СЦ Јасмин и на просторот кај споменикот 12 Ваташки младинци. Дополнително, ќе се постават уште 3 клупи кои се обезбедени како донација. Проектот е со финансиска вредност од 280 000 денари, а изведувач е фирмата Метал Апостолов - стои во известувањето од општина Кавадарци.

Додади коментар