Ново противпожарно возило денеска доби територијалната противпожарна единица Неготино. Збогатена е опремата и значително е олесната работата на оваа единица која до денеска функционираше со три противпожарни возила.Новото возило е резултат на соработката што Општина Неготино ја има со операцијата флоријан од Англија потенцира градоначалникот Ванчо Апостолов.
За противпожарната единица новото возило е голема помош и олеснување во работата.Дванаесетте пожарникари сега ќе бидат поорганизирани, современо опремени и доплонително обучени бидејќи континуирано деновиве се работи и на обука која врз истите ја вршат англиски професионални пожарникари дознаваме од командирот Илија Илиев.
Територијалната противпожарна единица во Неготино во моментот работи и со неколку волонтери доброволци од Демир Капија и Неготино.Тимот пожарникари иако на врнежливо време со задоволство денеска за ктв импровизираше кратка акција интервенција на противпожарната единица.
M.Младенова

Додади коментар