Новиот театар во Велес есенва ќе започне со работа
10-09-2014 РЕГИОН

ВРАТИТЕ НА НОВИОТ ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР ЌЕ ОТВОРАТ ЕСЕНВА.. ДИРЕКТОРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА, ЈОРДАН ВИТАНОВ, НЕ САКА ДА УТВРДУВА РОКОВИ.. ВЕЛИ ДЕКА АКТЕРИТЕ ЌЕ ЗАСТАНАТ НА СЦЕНАТА ОТКАКО ЌЕ ЗАВРШИ ЦЕЛОСНАТА ПРОВЕРКА НА ОПРЕМАТА И НЕЈЗИНИТЕ МОЖНОСТИ.. ДОДАВА ДЕКА НОВАТА ТЕАТРСКА ЗГРАДА НУДИ НЕВЕРОЈАТНИ УСЛОВИ ЗА СЦЕНСКА ИЗВЕДБА И ЗАТОА Е ПОТРЕБНО ДОВОЛНО ВРЕМЕ АКТЕРИТЕ И ТЕХНИЧКИОТ ПЕРСОНАЛ ДА СЕ ПРИЛАГОДАТ НА НЕА..

 

СПОРЕД ДИРЕКТОРОТ ВИТАНОВ, ПРВАТА ПРЕТСТАВА ВО НОВАТА ТЕАТАРСКА ЗГРАДА ТРЕБА ДА СЕ ПРИКАЖЕ ЗА ОКОЛУ ДВА И ПОЛ МЕСЕЦИ.. ИНАКУ МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОБЈАВИ ДРАМСКИОТ ТЕКСТ КОЈ ЌЕ ГО ОЗНАЧИ СТАРТОТ НА ТЕАТАРСКАТА СЕЗОНА.. НАЈВАЖНАТА РАБОТА НА СВЕТОТ ОД БРАТИСЛАВ ДИМИТРОВ БЕШЕ ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР ТЕКСТ.. СЕГА СЕ БАРА И РЕЖИСЕР КОЈ ПИШАНИОТ ТЕКСТ ЌЕ ГО ПОСТАВИ НА СЦЕНАТА..

 

НОВАТА ТЕАТАРСКА ЗГРАДА ВО ВЕЛЕС ИМА ПОВРШИНА ОД НАД 4 ИЛЈАДИ МЕТРИ КВАДРАТНИ.. РАСПОЛА СО ДВЕ САЛИ, ГОЛЕМА СО 370 СЕДИШТА И МАЛА КОЈА МОЖЕ ДА ПРИМИ ДО 100 ГЛЕДАЧИ.

З. Јаневски 

 



Share

Додади коментар