Нови четири спомен бисти ќе се постават во паркот на револуцијата
28-03-2019 РЕГИОН
Во 2018 година се почна со изработка на 4 спомен бисти на борци од НОБ , моделите во гипс се завршени а финалното одливање во бронза е при крај, информираат од локалната самоуправа.
Спомен бистите ќе бидат поставени наредната недела во Парк на револуцијата. Се работи за спомен бисти на Киро Крстев, Блажо Тодоровски-Чичето, Данчо Поп Атанасов и Лазо Мицев Рале.

Додади коментар