Нови хортикултурно уредени површини во Кавадарци
02-07-2020 РЕГИОН

Општина Кавадарци континуирано работи на нови површини со хортикултурно уредување. Во последна фаза е деветата локација која претходно беше обработена , па се постави систем за наводнување а денес се сееше и тревата. Локацијата се наоѓа на ул.Ѓоре Брушански - информираат од локалната самоуправа.

 

Исто така денес се сееше трева и на површината кај зградите Белка. И на оваа површина претходно беше поставен систем за наводнување.
Во последните години значително е зголемен бројот на површини каде има хортикултурно уредување. Овој проект се уште е во фаза на реализација и во наредниот период ќе се реализираат уште неколку локации.



Share

Додади коментар