Во нови училиници ќе се одржува наставата во велешкото село Сливник. Се доградува нов објект а ќе се реконструира и старата училишна зграда. До сега 80-мината основци настава следеа во две училници.
„Заложбите на градоначаликот и на општината се во позитивна насока за подобрување на условите за работа и учење на учениците„вели Ќемал Муса, наставник
Проширувањето на училишната зграда следи по реакции на родителите. Тие лани еден месец ја бојкотираа наставата. Се жалеа дека училниците се претесни да ги примат сите ученици. Инаку во Сливник скоро секоја година се зголемува бројот на новозапишани првоооделнци.
„Градежните работи одат според предвидената динамика. Очекуваме во ноември да добријат ново училиште. Ова е единствено населено места каде бројот на првоодделенци од лани не е помалСлавчо Чадиев, Град на општина Велес
Доградбата и реконструкцијата на училиштето во Сливник ја финансира министерството за образование. Градежните работи чинат над 5 милиони денари. Објектот треба да биде готов до крајот на ноември.
Зоран Јаневски

Додади коментар