Нови успеси за каратистите од КК „Урбан Инвест“
20-04-2015 СПОРТ
Вчера во спортската сала Наум Наумовски - Борче во Скопје, се одржа Меѓународниот натпревар Солидарност опен 2015 година.
На натпреварот учество земаа 534 натпреварувачи од 49 клубови од Македонија, Србија и Црна Гора. Карате клубот Урбан Инвест со освоени 14 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали беше прогласен за најуспешен клуб на натпреварот.
Покрај пехарот за најуспешен клуб, доби пехар и за најмасовен клуб со 47 натпреварувачи, а Петар Аврамов со освоени 2 златни медали и 1 сребрена беше прогласен за најуспешен натреварувач во кати.
Додади коментар