Нови улични светилки и во селата во општина Кавадарци
21-08-2015 РЕГИОН

Општина Кавадарци ја започна втората фаза од осовременување на уличното осветлување. Откако целосно се заменија старите улични светилки со нови штедливи во градот, сега се работи во селата. Таму оштетените светилки се заменуваат со нови неонски светилки кои имаат подолг век на траење но и трошат помалку електрична енергија. Ќе бидат заменети 600 светилки во сите села. Денеска во посета на селото Марена беше градоначлалникот Александар Панов. Тој имаше можност на терен да согледа како се одвива реализацијата на овој проект.

„Се работи за последната фаза поврзана со уличното осветлување во општина Кавадарци. Во првата фаза го опфативме целиот град , сега одиме кон сите селски месни заедници. Сите ќе бидат покриени со неонски светилки. Тие се многу поштедливи светилки од сегашните и се далеку потрајни. Сега сме на терен со околу 300 светилки, а да ја завршиме комплетно целата постапка ни требаат уште толку, а истите ни се планирани од парите од Светска банка. Овие се триста севетилки од оперативниот буџет. Ги опфаќаме прво низинските села каде има и поголем број на население. Оваа година планираме да завршиме комплетно со реконструкција на уличното осветлување. Класичните да ги замениме со штедливи светилки и цела општина да ги ужива придобивките на лед, односно ненското осветлување што значи заштеда и подолг век на светилките.“ рече Панов и додаде дека ефектот од новите улични светилки веќе е видлив. Општината плаќа пониска сметка за улично осветлување.

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар