Нови сообраќајни знаци: Се поставуваат светлечки соларни панели
02-03-2020 РЕГИОН

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на специјализираната фирма „БОЈТА инг“ од Скопје, денес на кружните текови поставува 24 светлечки табли со соларни панели, информираат од локалната самоуправа.


Се работи за сообраќајни знаци од вертикалната патна сигнализација со кои значително ќе се подобри регулацијата на движењето на пет кружни текови во градот.  Најмногу знаци осум ќе се постават на кружниот тек кај зградата на Граничната полиција. По четири знака ќе се постават на кружните текови кај автобуската станица, кај Винсрска визба „Тиквеш“, потоа на кружниот тек кај училиштето „Гоце Делчев“ и на локацијата кај зградите „Белка“.


Во оваа фаза од проектот се поставуваат и 159 знаци и 200 столбови како дел од вертикалната патна сигнализација на повеќе
улици во градот.



Share

Додади коментар