Кавадарци, 23. Август – Фудбалерите од фудбалскиот клуб „Росоман 83“ ги започнаа подготовките за новата сезона со комплетно нова спортска опрема: дресови за официјални натпреавaри, спортски тренерки, јакни и комплети за тренирање. Компанијата Дрекслмајер ја подари спортската опрема на тимот во знак на поддршка за остварување поголеми успеси и клупски достигнувања.
Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија го посети фудбалскиот тим на теренот посочувајќи дека фудбалот има силна моќ да создаде позитивна енергија и ведар дух кај публиката и љубителите на спортот. „Сметаме дека со овој тип на поддршка ќе придонесеме за уште поголема мотивација кај фудбалерите да тренираат и професионално да се развиваат. Поддршката за развојот на спортот е еден од нашите приоритети и ние и натаму ќе иницираме активности да им помогнеме на клубовите кои се залагаат за подобра фудбалска иднина. Ви посакуваме многу нови победи и достигнувања!“, истакна Мирингер на примопредавањето на опремата.
Фудбалерите не го криеја своето задоволство што новата сезона ја започнуваат со комплетно нова опрема за тренинг, но и за настап на официјални натпревари. „Среќни сме што Дрекслмајер како компанија од регионот ни ја дава својата поддршка. Ова е најдобрата опрема во која клубот до сега се натпреварувал. Максимално сме посветени и сме дополнително мотивирани да оствариме нови успеси и уште подобри резултати. Ќе се бориме со срце на терен и ветуваме многу спортски победи“, рече претседателот на клубот Игор Темелков.
Изминатиот период компанијата, вклучувајќи ги своите вработени и заедницата реализираше голем број активности за поддршка и подобрување на условите во кои функционираат голем број спортски клубови не само од областа на фудбалот, туку и на полето на ракометот и кошарката. Како верен партнер на регионот Дрекслмајер останува посветен на иницирање проекти од областа на спортот, здравството, културата и образованието нa начин што ќе придонесе за општото добро на сегашните и идните генерации.
Додади коментар