Нова електронска услуга од УЈП
04-04-2014 РЕГИОН

Новата услуга од Управата за јавни приходи што почна да се применува од овој месец денеска беше претставена пред бизнис секторот и граѓаните во Кавадарци. Со оваа услуга даночните обврзници добија можност  побрзо да го добијат бараното уверение и потврда, односно наместо на шалтерите  во УЈП, фирмите и граѓаните регистрирани на системот е-даноци ќе имаат можност барањата да ги доставуваат електронски.

   „Новата услуга е наменета е за сите правни и физички лица. И она што е посебно за оваа услуга и со посебно внимание ја промовираме е бидејќи се работи за прва излезна услуга за данчините обврзници. Сите досегашни  услуги од е-даноци беа еднонасочни, од компаниите ги исполниуваа своите обврски кон кон УЈП, ова е за прв па та УЈП да издава во електронска форма уверенија, потврди за потребите на бизнис заедницата“ рече  директорот на УЈП, Горан Трајковски.

Ова услуга во моментот може да ја користат 72.350 фирми и 11.549 граѓани, односн вкупно 83.899 даночни обврзници кои веќе се регистрирани на е-даноци.

Една од најкористените услуги во УЈП е издавањето на уверенија/потврди за остварени приходи и платени даноци и придонеси, кои на фирмите и граѓаните им се потребни за остварување на различни права пред другите институции и органи.

Откако фирмата односно граѓанинот ќе го поднесе електронското барање преку е-даноци, УЈП веднаш го проверува и доколку е уредно, преку системот е-даноци ќе го издаде бараното уверение или потврда во електронска фомра за што ќе добие известување преку е-пошта.

А.Д



Share

Додади коментар