Нова водоводна линија кај под градските гробишта - се пробива и нова траса од улицата
16-04-2020 РЕГИОН
Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ работи на поставување на целосно нова линија од градската водоводна и канализациона мрежа на локацијата од улицата „Западен булевар“ под градските гробишта - информираат од локалната самоуправа.
На овој простор Општина Кавадарци го реализира проектот за пробивање на нова траса од улицата во правец север-југ.
Овој капитален комунален проект има за цел да го продолжи „Западен булевар“ во правец на Ваташа, и кон стопанските капацитети во подкожувјето.
Додади коментар