Нова винарија почна со работа во кавадаречкото село Марена. Стартот со работа на винаријата изградена со американски капитал го означи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Менаџерот на новата винарија “Повардарие Аневски” Ѓорѓи Бебеџаков го запозна министерот со плановите на винаријата.
-Се работи за винарница која сега има капацитет да преработи милион килограми грозје во околу 700 илјади литри вино. Но наша тенденција е капацитетот на преработувачкиот капацитет да се зголемува од година во година. Ќе стартуваме со производство на наливно вино од повеќе сорти на грозје а флашираното вино секако дека е во нашите планови. За виното што ќе го произведеме веќе однапред имаме обезбедено пласман, појасни Бебеџаков.
Бројни трактори со најзастапената бела винска сорта на грозје смедеревка чекаа да бидат истоварени на откупниот пункт во Марена. Министерот го проба грозјето за кое рече дека е стратешко за производство на вино.
С.Д
Додади коментар