Нова викенд населба ќе се гради покрај езерото младост. Според нацрт урбанистичкиот план на општината, предвидено е таа да има 40 –тина објекти.. според документот подготвен од локалните власти, новата наслеба попкрај младост ќе има 43 парцели. Нивната големина не надминува 1.000 метри квадратни.. нацрт планот за локацијата денеска треба да го одобри општинскиот совет.. на 29-тата седница, советниците се изјаснуваат за него.. според претседателот на советот, дополнителните парцели за викенд куќи ќе овозможат максимално искористување на туристичкиот потенцијал на езерото..
На денешната седница, општинскиот совет го разгледува и планот за работа на јавното комунално претпријатие дервен во идната година.. според информацијата доставена до советниците, годишниот план е подготвен така што ќе овозможи граѓаните и фирмите да добиваат квалитетни услуги..
Инаку денешната општинска седница е последна за оваа година. На дневен ред се 35 точки.
Зоран Јаневски
Додади коментар