Нов слој на асфалт од градска капела до старата бензинска во Кавадарци
08-05-2017 РЕГИОН

 

Оперативата на Јавното претпријатие за патишта „Македонија пат“ денеска започна со поставување на нов слој асфалтна подлога на делница од „Западен булевар“ односно на западниот влез во Кавадарци, од правецот на Прилеп.

 

Станува збор за целосна обнова на горниот слој асфалт на  површина од 4 500м2, на потегот од ул „Вишешница“ кај Градската Капела до спојот со ул „8 Септември“ кај  старата бензинска.

 

Во посета на работите беше градоначалникот Александар Панов. Тој напомена дека „Со овој зафат се заокружува целосната обнова на  западниот влез во градото. Претходно во два навратии звршивме целосно сфалтирање од Југокомерцдоградската капела со што во целост е ревитализиран нај оштетениот асфалт на делницата од Југокомерц до главната капија на Винарската визба „Тиквеш“.

 

Планирано е рботите за завршат во наредните два дена, со што влезотво Кавадарци од правец на Прилепќе сеодвива по целосно обнмовена асфалтна подлога, на задоволство на сите учесници во сообраќајот. - информираат од прес службата на општина Кавадарци

 



Share

Додади коментар