Нов рекорд: Денеска 364 нови случаи на Ковид 19

Нов рекорд на заболени од Ковид 19 во земјава. Дијагностицирани се 364 нови случаи, информира министерот за здравство Венко Филипе. Болничките капацитети веќе се исполнуваат. Во велешката болница нема место на инфективно одделение. Во кавадаречката болница ќе има место за 16 ковид позитивни.

 

Министерот најави  воведување на  неколку нови превентивни мерки, меѓу кои и задолжително носење на маска на отворено и во затворени простории и забранетѕо групирање на јавни површини, но ќе има ограничување и на семејните прослави. овие мерки се предложени од комисијата за заразни болести. Филипче апелираше граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат превентивните мерки за да не дојде до колапс на здравствениот систем.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар