Секојдневно се руши рекордот на нови позитивни на ковид 19. Податоците од Центарот за јавно здравје Кавадарци денеска се загрижувачки. Во Кавадарци во последните 24 часа има 40 нови ковид позитивни, во Неготино 13 и еден е во Демир Капија.
„Меѓу денешните позитивни има и еден ученик на 7 годишна возраст од кавадаречко основно училиште. Тој е во изолација, а во изолација се ставени и 15 негови соученици и 2 наставници. Од наша страна се превземени сите неопходни мерки за дезинфекција“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Повеќе од сигурно е дека овие бројки не ја отсликуваат вистинската состојба, бидејќи многу од позитивните се во контакт со своите најблиски или со своите колеги, но до термин за тестирање тешко се доаѓа на терет на ФЗОМ.
Она што посебно загрижува, велат здравствени работници со кои разговаравме е што се кријат и понатаму контактите, за да не одат во изолација, а на тој начин се продолжува трансмисијата на вирусот и бројот на позитивни ќе расте и понатаму.
Во ковид одделот во кавадаречката болница се хосиптализирани вкупно 9 пациенти со средно-тешка клиничка слика.
А.Д
Додади коментар