Нов позитивен на корона вирус во кавадаречко
15-06-2020 РЕГИОН
Осумдесет и три годишен жител на селото Дреново е позитивен на ковид 19, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Лицето има лесна клиничка слика, дополнително ќе се утврди начинот на лекувањето. Се работи на утврдување на неговите контакти, со цел нивно изолирање. Засега не е познато на кој начин е заразен. вели епидемиологот во Центарот за јавно здравје Кавадарци, д-р Ристе Јовановски.
Додади коментар