Нов паркинг ќе се гради во Велес
21-04-2015 РЕГИОН

Нов паркинг ќе се гради од левата страна на градот. Според плановите на локалните власти, за паркирање ќе се користи просторот зад времените објекти кај малото мовче.. Од локалната самоуправа велат дека нема да се уриваат времените објекти од првиот ред. Предвидено е да се отстранат само доградбите зад дуќаните.. Според проектот на општината, просторот ќе понуди 60-тина места за парикрање..

Паркирање по тротоари, споредните улици и запирање на недозволени места е секојдневната слика во центарот на градот. Недостигот од паркинг е најизразен во пазарните денови. Проблемот со паркирање не се надмина ниту со големото паркиралиште кај автобуската. И овој простор е секојдневно исполнет со возила.. Токму поради ова, локалните власти најавуваат уште еден паркинг во центар. Не откриваат на која локација е предвиден но велат дека ќе понуди дополнителни 40-тина места за паркирање.

Инаку според најавите на локалните власти, простор за паркирање се проектира и кај гимназијата.. Во задниот дел од дворот покрај патот се планира простор за косо паркирање.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар