Нов паркинг во Велес
06-07-2015 РЕГИОН

Во центарот на Велес се изгради уште еден паркинг. Готово е паркиралиштето кај малото мовче. Нуди над 130 места на површина од 3,500 метри квадратни. Паркингот е осветлен а за околу половина година неговиот капацитет ќе се зголеми за уште 40-тина места. По изградбата на новиот градски пазар, ќе се отстранат и металните контејнери.

- Овие се сите времени објекти си имаат своја одредена функција.. Со завршување на градскиот пазар ќе се предвиди простор и за Нив.. Засега остануваат тука луѓето да работат и во иднина, изјави Славчо Чадиев, Град на општина Велес..

Паркингот кај мало мовче е четврти од левата страна на градот. Место за паркирање е обезбедено кај стариот мост, зад работничкиот универзитет и наспроти центарот за вработување. Со ова обезбедени се близу 300 места за паркирање. Градоначалникот Чадиев вели дека во следниот период ќе се постават и заштитни елементи кои треба да стават крај на паркирањето по тротоарите во центарот на градот.

- Значи веќе нема потреба од сообраќаен метеж во центарот на градот.. Паркинг просторите се на неколку минути од институциите во центар и затоа преминуваме на следната фаза а тоа значи поставување метални елементи на тротоарите во строгиот центар на градот, додава Чадиев.

Според најавите на локалните власти, предвидено е да се гради уште еден паркинг во центарот на градот. Моментално се прават финансиските анализи за реализација на оваа идеа. Ова паркиралиште треба да обезебеди 60-тина места.

- Ја чекаме студијата, оправданоста, да видиме дали финансиите ќе се поклопат со проектот, објаснува градоначалникот Чадиев..

Изградбата на паркинкгот кај мовче е дел од општинската програма за уредување градежно земјиште. Неговата изградба чини близу 50 илјади евра.                

 Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар