Нов гроздобер со стари долгови од некои визби
17-07-2013 РЕГИОН

Нов гроздобер наближува и нова незивесност за лозарите. Иако времето е кратко останува неизвесно каква ќе биде соработката меѓу лозарите и винарите. Заега нема конкретен договор за откупна цена, ниту пак има некој посебен интерес за потпишување на договори меѓу лозарите и визбите. Дали е на повидок уште еден хаотичен гроздобер со несредени партнерски односи меѓу двете засегнати страни ќе стане јасно за многу кратко време.

Се наближува нов гроздобер, а сеуште има винарски визби кои заборавија да си го платат долгот кон лозарите, визби што заборавија дека виното што го продадоа е произведено од родот на лозарите.

Како гледаат на односот лозари-винари експертите.

-          „Мора да има партнерски однос меѓу лозарите и винарите. Само така ќе има и развој на оваа гранка“ вели проф д-р Ристо Вучков.

Државата и понатаму се обидува да створи ред во оваа дејност. Винарските визби за да откупуваат нови количини на грозје мора да го имаат исплатено грозјето од претходните реколти, но и да имаат баждиран мерач на шеќерни единици за да не им се кради од квалитетот на грозјето кое го продаваат лозарите.

Ангел Данов



Share

Додади коментар