Нов асфалт на улицата „Наќо Лазовски“ во Кавадарци
16-12-2020 РЕГИОН
Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денес изврши асфалтирање на коловозот на ул.„Наќо Лазовски“. Нов слој асфалт е поставен во должина од 220 метри - информираат од локалната самоуправа. 
 
Според планот на општината претходно беше отстранет стариот асфалт а потоа следеше тампонирање.
 
 
Проектот е дел од јавната набавка на општината за реконструкција и на коловозната површина на ул.„Иво Андриќ“ и ул.„Доне Попов“ спој со ул.„Григор Прличев“. Вредноста на оваа јвнаа набавка изнесува 5.535.000 денари. Претходна како дел од овој тендер се изврши пробивање и асфалтирање на крак од ул.„Дисанска“.
 


Share

Додади коментар