Нов асфалт на дел од улица „Бел Камен“ во Кавадарци
02-09-2020 РЕГИОН

Денес оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на асфалтирање на дел од ул.„Бел Камен“ над комплексот станбени згради - информираат од локалната самоуправа.

 

Претходно според проектот на општината се изврши отстранување на стариот асфалт, на старите рабници, како и тампонирање.
Се работи на делницата од паркингот кај капелата во правец на ВВ „Тиквеш“ каде на површина од 1350 квадратни метри се постави нов слој асфалт со дебелина од 7 сантиметри.


Со реконструкцијата на овој дел од улицата жителите од зградите и од населбата „Бел Камен“ добија обновена и побезбедна улица.
Претходно на овој локалитет кај зградите, општината изврши оформување на паркинг со потпорен ѕид и поплочување, како и хортикултурно уредување на зелената површина. Реконструкцијата е на барање на жителите од оваа населба.



Share

Додади коментар