Нов асфалт кај сала „Партизан“, се заокружува реконструкцијата на атлетската патека на „Јасмин“
01-09-2018 РЕГИОН

Општина Кавадарци продолжува со реализација на програмата за комунална изградба. Ангажираната оператива изврши гребење на ошететниот асфалт на делница во должина од 400 метри.

 

 

На почетокот од идната недела треба да се изврши асфалтирање со што на местото на отстранетата површина од 1440м2 ќе се постави нов слој асфалт. Овојпат санацијата на оштетениот асфалт на оваа значајна регионална улица се одвива на потегот од раскрсницата кај ДТВ „Партизан“ до пешачкиот мост кај Основен суд Кавадарци.

 

Вработените од единицата „Паркови и зеленило“ при ЈП „Комуналец“ извршија кастрење на оштетените и исушените гранки од дрворедот на улицата „7 Септември“.

 

 

Беа третирани дрвјата на тротоарот од страната на „Паркот на Револуцијата“ и тоа на потегот од спојот со улицата „ 1-ви Мај“ до спојот со улицата „Браќа Џунови“. Во акцијата помогна и фирмата „ЕЛ-БОХ“ која обезбеди специјализирано возило корпа.

По извршеното кастрење овој дел од тротоарот е побезбеден за пешаците.

 

Оперативата на „Градба промет“ ги изведува работите за поплочување на пешачка патека со површина од 100м2. Патеката поврзува влез во колективна станбена зграда од улицата „Илинденска“ кај стариот кружен тек.

Вредноста на работите изнесува 177.200 денари, а парите се обезбедени од буџетото на општината, сметка за комунална изградба.

 

 

Општина Кавадарци го заокружува проектот за обновување и урбанизирање на атлетската патека на спортскиот центар „Јасмин“.

 

 

Оперативата на ангажираниот носител на јавната набавка на однапред подготвената подлога поставува асфалт на вкупна површина од 3.150м2, со дебелина од 5 цм.

 

Покрај асфалтирањето на атлетската патека, проектот опфати нејзино проширување на делницата од 100 метри, како и ревитализација на јавното осветлување - информираат од прес службата на општина Кавадарци.

 

 



Share

Додади коментар