Оперативата на Јавното претпријатие „Македонија пат“ деновиве работи на поставување на порамнителен слој на асфалт на делницата од раскрсницата над „градскиот базен“ во правец на Прилеп.
Јавното претпријатие за Републички патишта во соработка со Општината Кавадарци врши санација на најоштетенито дел од западниот влез во Кавадарци во првец од Прилеп. Станува збор за делница долга 780 мери на која ќе се постави завршен слој на асфалт откако претходно стариот и истрошен асфалт полн со ударни дупки беше целосно отстранет, а потоа врз него се постави порамнителен ,а сега и завршен слој на сфалт.
Со овој зафат се санира најоштетениот дел на регионалниот патен правец Неготино- Кавадарци-Прилеп, а тоа се надоврза на претходно извршената целосна санација на 400 мети на истиот пат по угорницата кон „Југо Комерц“.
Претходно Општината во соработка со Владата изврши санација на делницата на истиот регионален пат, на потегот од Глишиќ до заобиколницата „Северен Булевар“ кај „Општа болница“ Кавадарци.
Со овие два зафати се изврши ренконструкција на двата клучни влеза во градот со што се подобрија условите за одвивање на сообраќајот, а пред се безбедноста на сите учесници во него.
Општината информира дека до крајот на ова лето ќе биде извршена и ревитализација на на третиот влез во Кавадарци од правец на Росоман со што ќе се заокружи еден дел од програмските активности на општината Кавадарци во делот на санирање и создавање на посигурна и подобра патна и сообраќајна ионфраструктура на влезовите во град Кавадарци.

Додади коментар