Нов апарат за потребите на гинекологија во кавадаречката болница
26-01-2021 РЕГИОН
„Обезбедивме нов современ Апарат за електрокоагулација, неопходен за работа во нашата Гинеколошка оперативна сала“ - информираа денеска од кавадаречката болница.
 
 
„Апаратот е во целост донација на компанијата " ИГМ Трејд" од Кавадарци во вкупна вредност од 13.560 евра. Изразуваме огромна благодарност до компанијата " ИГМ Трејд ", која уште еднаш покажа огромно чувство за општествена одговорност и подобрување на условите за поквалитетна здравствена заштита на жените од Тикешкиот регион“ велат од болницата.


Share

Додади коментар