Ниско напонската електрична мрежа се дислоцира во подземни водови на две улици во Кавадарци
18-11-2020 РЕГИОН

Активноста е дел од проектот на општината Кавадарци, во соработка со ЕВН Кориснички центар Кавадарци со кој целокупната воздушна ниско напонска мрежа на улиците „Народен фронт“ и „Страшо Пинџур“ се дислоцира во подземни водови - информираат од локалната самоуправа.
Со овој зафат досегашната воздушна линија целосно ќе биде отстранета и повеќе на ова делница од 2 000 метри нема да постојат старите дрвени бандери и надземните електро проводници.
Паралено со ова под земја ќе бидат дислоцирани и водовите на телекомуникациските и кабелските оператори.
Општината со овој проект ќе обезбеди современо јавно улично осветлување, зголемена безбедност на електричните водови, како и сигурност за граѓаните.

Додади коментар