Лекарите нагласуваат дека заболувањата предизивикани од ниските температури, опфаќаат поголем дел на патолошки состојби, од кои некои се многу тешки, а можат да бидат и смртни. Благото заладување предизвикува непријатни сензациии термичка неудобност, а ладењето на ткивата може да резултира со намалена физичка и ментална функција. Изложеноста на ладно време предизвикува различни респираторни состојби.Дишење на ладен воздух преку нос води кон задушување и кивање.
Старите лица, новороденчињата и децата, социјално загрозените, работниците на отворено, лицата со хронични заболувања или лицата кои употребуваат одредени медикаменти или прекумерна количина на алкохол, лицата со кардиоваскуларни и респираторни заболувања спаѓат во групата на ранливи групи на население кои се изложени на зголемен ризик за зожни здравствени последици.
Постарите лица имаат поголем ризик да се здобијат со последици врз нивното здравје како резултат на ниските надворешни температури поради нивниот побавен метаболизам во споредба со помладите како и нивната подвижност која е намалена. Особено под ризик се старите лица кои живеат сами, кои се неподвижни, неадекватно се исхрануваат, примаат лекарства кои допринесуваат за отежната терморегулација.
Новороденчињата се под зголемен ризик од екстремно ниските температури и можат да развијат хипотермија многу побрзо како резултат на малата големина на нивното тело и поголемата загуба на топлина, како и помалата способност за продукција на топлина. Децата имаат помала мускулна маса и кај нив може да настане намалување на телесната температура многу побргу отколку кај возрасните при услови на иста надворешна температура. Исто така кај децата поосетлив е и респираторниот систем на надворешните температури и кај нив се почести заболувањата. Децата кои имаат и придружни заболувања, како астма се под зголемен ризик за настанување на последици од ладното време.
Социјално загрозените лица кои неможат да си дозволат адекватно затополување на нивните домови или лица кои се прекумерно изложени на надворешни температури, како бездомниците или лицата кои живеат во неадекватни живеалишта се исто така во ризик поради ниските температури.
Лекарите исто така напоменуваат дека ладното време го зголемува крвниот притисок,а зголемениот крвен притосок пак го зголемува ризикот за појава на срцеви и мозочни удари.. Ладното време ја намалува резистентноста кон респираторни инфекции, ја намалува функцијата на белите дробови и може да ја активира бронхијуалната констрикција на астмата.
А.Д

Додади коментар