„Еве повторно, за жал Македонија се наоѓа пред големи и тешки предизвици. Предизвици за кои што вие се сеќавате зборувавме и во текот на изборите, за работи за кои што предупредувавме. Благодарам на поддршката на сите на кои што не поддржаа и еден апел да размислат тие кои што не не поддржаа за она што го зборувавме во изборите затоа што за жал тоа сега се слуучува со оваа старо ново коалиција, коалиција на лагата и криминалот, коалиција на СДСМ и ДУИ. А тоа економско опустошување на Македонија и национално понижување “ вака го започна говорот пред кавадарчани верчерва на протестот потпретседатлот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Протестот за оставка на Заев започна од црквата Света Петка, се направи обиколка низ градските улици со автомобили, а потоа следеше обраќањето на Николовски.
Тој нагласи дека Македонија во моментов ја живеела својата најголема криза од осамостојувањето до денес. Државата била соочена со здравствена и економска криза поради корона вирусот, а сега била соочена и со криза во евроинтеграциите и односите со Бугарија.
„ Ваква криза државата не памети од својата независност до денес. Ваква криза можат да ја решат само најголемите умови кои што оваа држава ги има, најдобрите, патриоти, чесните синови и ќерки на оваа Македонија. И затоа оттука од Кавадарци, од пред оваа прекрасна црква тука Св. Петка повикувам денес, сега за да не е предоцна оставка на Заев за слобода на народот. Оставка на Заев за ден поскоро оваа влада да замине. Да се формира влада на национално единство подржана од сите политички партии која што ќе ги реши овие три проблеми и после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори на кои што ќе се случи промената во Македонија“ рече Николовски и порача дека предвремените избори морале да се одржат за да се зачува македонското национално достоинство и зачувување на посебноста на македонскиот јазик.
Николовски нагласи дека политичката кариера на Заев била пред крај.
„Најавувам вечерва од тука од Кавадарци, на навршувањето на 100 дена од формирање на оваа старо нова коалиција на криминалот и лагата поднесуваме барање за изгласување на недоверба на владата на Зоран Заев и сум убеден дека ќе има барем неколку пратеници од владејачката коалиција кои што не се согласуваат со ова национално предавство, кое што заедно со нас и со останатата опозиција ќе изгласаат недоверба на владата на Зоран Заев со цел формирање на влада за национално единство и национален спас која што треба да извлече Македонија од оваа голема криза“ рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
За оставка на Заев протестираа и членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино. Пред присутните говореше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски кој истакна дека оваа предавничка политика на СДСМ и Заев ја донела Македонија и македонскиот народ речиси пред бришење на историјата, јазикот и културата. Македонија била ставена на распродажба.
-СДСМ е по директива од странски центри и е контра нашите национални интереси.Ова досега Заев не го негираше. Се разговара за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои при што македонските владини претставници се договорени да попуштат во црвените линии и ги прифатат бугарските максималистички барања.Заев ги продава државните интереси на тајни средби додека во Македонија ја замајуваат јавноста. Алармираме Заев и неговата влада во заминување да не и прават штета на државата и ниту еден договор кој ќе биде штетен нема да помине и нема да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ, порача од Неготино Андоновски.
А.Д

Додади коментар