Николовски: Влезот во ЕУ и НАТО меѓу другото значи и подобри денови за земјоделството
11-09-2018 РЕГИОН

 

 

 Влезот во ЕУ и НАТО меѓу другото значи и подобри денови за земјоделството, нагласи денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски во Демир Капија.

 

-Ова е еден од најзначајните региони кој што е познат по виното , по грозјето што претставува една од најстратешките извозно ориентирани гранки на Македонија. Оваа година доделивме еден денар дополнителна поддршка за продаден килограм смедеревка и вранец за сите лозари. Оваа година преку програмата за директна поддршка за субвенционирање определивме мерки преку кои што даваме дополнителна поддршка од 20 отсто згоелмени субвенции за сите оние земјодлески стопанства со развоен потенцијал, односно сите оние кои што имаат од еден до десет хектари лозов насад. Оваа година воведовме нови мерки и политики, меѓу кои најзначајната е дополнителна поддршка од 12 илјади денари за промената на асортиментот на лозовиот насад, но оваа година е значајна и по тоа што нема никакви долгови од страна на винариите кон лозарите за откупеното грозје од реколтатата 2017 година. Оваа година имаме историски највисока цена од 13,67 денари просечна цена по откупен килограм грозје, рече министерот.

 

Субвенциите од државата, нагласи, беа исплатени тогаш кога беа најпотребни на лозарите, 745 милиони денари беа испалтени во декември и јануари.

 

-Исто така државата носеше многу нови мерки и политики, но многу повеќе можеме да направиме заеднички со ЕУ преку нашите евроинтеграции пред кои се наоѓаме. Државата е во еден од најбитните моменти, затоа ни е потребна ЕУ, затоа ни е потребно влегувањето во најмоќниот сојуз на светот НАТО. Тоа ќе значи и за македонската економија, но и за македонското лозарство како најзначајна гранка во овој сектор. Нашиот влез во НАТО и ЕУ значи повисоки откупни цени, сигурен пласман на македонските производи, на грзојето и на македонското вино, зголемени европски субвенции за нашите лозари, нови вработувања и зголемување на извозот и влез на пазар од 500 милиони граѓани. Затоа 30 септември е денот кога треба да излеземе и да гласаме за европска Македонија, дециден беше Николовски.

 

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули се среќаваат со демиркапијци, а ќе се обратат и на граѓанскиот собир на плоштадот во Демир Капија во 19 часот. Министерот Николовски ги посети и пунктовите за откуп на грозје во селото Корешница.

 

С.Д



Share

Додади коментар