Неприлагодената брзина и натаму е водечка причина за незгоди
04-03-2014 РЕГИОН

105сообраќајни незгоди од кои 55 на отворен пат и 50 во населено место се случиле во првото полугодие од минатата година на подрачјето на општините Кавадарци и Росоман. Загинале три лица од кои еден пешак, еден возач и еден патник, се наведува меѓу другото во извештајот за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата, кој се разгледуваше на седница на кавадаречкиот совет.

„Во 49 сообраќајни незгоди има само мала материјална штета, во 38 незгоди 89 лица се здобиле со телесни повреди, а 24 лица во 15 незгоди се здобиле со тешки телесни повреди„ се наведува во извештајот од полицијата.

Како главна причина за незгодите  неприлагодената брзина се појавува во најголем број  незгоди, потоа следува возењето под дејство на алкохол, недржењето на страна и правец и недавање предимство на минување се исто така дел од причините, а во најмал број од незгодите пристигнувањето се споменува како причина.

Во перриодот за кој се однесува извештајот полицијата исконтролирала 7025 возачи и возила. Биле поднесени 462 барања за поведување прекршочна постапка за сторени сообраќајни прекршоци. Најзастапени прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај  и законот за возила,  е возењето на нерегистрирани возила. Потоа следуваат управување без возачка дозвола и управување под дејство на алкохол. Овие бројки се однесуваат само на издадените барања за поведување прекршочна постапка, додека прекршоиците за кои е платена глоба, издадени опомени или впишани негативни поени, се надвор од овој број.

А.Д



Share

Додади коментар