Се реконструира Северен булевар во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираа дека работите се одвиваат непречено.
-Првата фаза опфаќа поставување на геокомпозит врз долен строј, за подобрување на постелицата. Наредната фаза е поставување на прв слој тампон од 20 сантиметри со набивање, по што следи поставување на уште еден слој од тампон од 20 сантиметри, врз кој ќе се постави асфалт во два слоја, појаснија од градоначалничкиот кабинет.
Претходно, кавадарчани подолго време реагираа за потребата од реконструкција на Сверен булевар, заради поголема безбедност во сообраќајот. Затоа што се соочуваа со отежнато движење поради лошата изведба на булеварот и негово често поплавување од поројни дождови.
С.Д
Додади коментар