Непознати лица го прекинале оптичкиот кабел на „Инел“
22-01-2014 РЕГИОН
Кабелската телевизија ИНЕЛ ги информира своите корисници дека денеска околу 16.15 часот на локација „Овчка Река“ од непознати лица е исечен магистрален оптички кабел, поради што кон Неготино во прекин е телевизискиот сигнал, а во Кавадарци успорен е интернет сервисот.
Случајот е пријавен во полиција. Екипи на ИНЕЛ работат на отстранување на проблемот и ги молат своите корисници за разбирање.

Додади коментар