Неколку неготинци нападнати од роеви оси
05-09-2018 РЕГИОН

 

 Поради убоди од рој оси во главата, неколку неготинци побарале лекарска помош, за КТВ информираше  доктор Ратко Грков, специјалист по семејна медицина.

 

Тој појасни дека станува збор за седум посебни случаи.

 

„Заедничко за сите нив е што убодите се од оси кои прават гнезда во земјата. Се работи за инсекти кои не напаѓаат сами од себе, туку само во одбрана, ако се почувствуваат загрозени и испровоцирани, ако некој се обиде да им го затрупа живеалиштето. Нападнатите се земјоделци кои береле грозје или корнеле трева пред гроздобер, извршувале одредени земјоделски работи. Кај сите нив убодите се во глава, ретко убод во тело. Според кажувањата на пациентите, осите откако почувствувале дека се загрозени, станале агресивни и ги нападнале, им се заплеткале во косите и тешко можеле да се одбранат од нив. Имале и до петнаесет убоди во главата, со изразени отоци, појаснува докторот.

 

После убодите, сите кои настрадале биле со покачен крвен притисок. Останатите витални параметри им биле уредни. Само кај еден пациент имало посилна реакција, со огромен оток на главата и отежнато дишење, неможност да земе воздух. Сите примиле антиалергена и антихистаминска терапија за да нема дополнителни компликации.

 

„Апелираме до сите, особено до земјоделците, да внимаваат и да не ги чепкаат осилата во нивите и околината и да не ги затрупуваат со земја, да ги остават осите на мира и да не ги провоцираат, за да не бидат нападнат како во овие случаи кои ги имавме досега за краток период, нешто што не се случило досега, категоричен е Грков.

С.Д

 

 

 



Share

Додади коментар