Неколку невладини организации од Кавадарци станаа дел од Коалицијата Заедно за Европска Македонија
15-09-2018 РЕГИОН

 

 

 

  Претставници на неколку невладини организации од Кавадарци, пристапија и станаа дел од Коалицијата Заедно за Европска Македонија. На заедничката средба, тие дискутираа за придобивките од членството во НАТО и Европската Унија, како и за претстојниот референдум што ќе се одржи на 30 септември.

 

   -Ние сме движење од група на граѓани, здруженија на граѓани, заедници, синдикати, стопански комори, друштва, политички партии. На претстојниот референдум, согласни сме заедно и индивидуално, да ги повикаме граѓаните да излезат и да гласаат за подобра иднина, рече Сашко Петров, претседател на Здружение за ширење на демократија и демократски принципи “Проект-ЕУ” од Кавадарци.

 

   Тој нагласи дека се горди што секојдневно расте бројот на оние кои се приклучуваат кон коалицијата Заедно за Европска Македонија.

 

С.Д

 



Share

Додади коментар