Донирањето на храна, вода и облека продолжува. Кавадарчани и денеска ја покажаа својата хуманост. Се донираше на отворениот пункт на градскиот плоштад, а помош пристигнуваше и во просториите на ОО на Црвен Крст Кавадарци.
Претседателот на кавадаречката организација на Црвен Крст, Димитар Каракулев искажа јавна благодарност за денешните донации од „Маркети Минекс“, „Ми комерц“, „Жито Југ“и Ротари клуб Кавадарци.
„За денес и утре најавени се и други донации, а истовремено упатуваме повик до сите субјекти и поединци да ја покажат својата хуманост на дело. Од Кавадарци во Скопје ќе заминат над 500 пакети со храна, пакети со минерална вода и хигиенски средства„ вели Каракулев.
Компанијата „Кожувчанка“ веднаш по поплавите донираше два пати по 25 илјади литри „Изворска. Донираа и граѓаните, секој во своите можности, храна, вода, облека, средства за хигиена.
А.Д

Додади коментар