Неисчистени оџаци опасност за пожар
10-02-2015 РЕГИОН

Четири интервенции на запален оџак само  во текот на вчерашниот ден, а вкупно 25 од почетокот на годината бележи во својата статистика кавадаречката противпожарна единица. Иако во повеќе наврати пожарникарите апелираат редовно да се чистат оџаџите сепак граѓаните таквиот апел не го сваќаат сериозно.

„Силниот ветер вчера беше само причина повеќе да се запалат оџаците кои биле неисчистени. Затоа имавме четири интервенции во еден ден. Нашиот апел до грѓаните е да бидат одговорни кон својот имот. Редовно да ги чистат оџаците, особено оние граѓани кои имаат постари куќи со стари тавани. Таквите објекти при запалување на оџакот лесно можат да бидат проголтани од пламени јазици“ рече командирот на ТПЕ Кавадарци, Илчо Богевски.

А.Д



Share

Додади коментар