Неисправна е водата од селските водоводи во кавадаречко
26-08-2014 РЕГИОН

Водата од локалните водоводи во селата Крњево, Бохула, Долна Бошава и Раец,  како и водата од природната чешма  во Моклиште-Еликсир, од која пијат многу кавадарчани е неисправна за употреба.  Ова го покажале резултатите на Центарот за јавно од направената анализа во јули и август годинава на земените мостри вода. Утврдено е присуство на бактеријата ешерихија коли, поради што водата според правилникот за квалитет е хигиенски неисправна и не е за употреба.

 

Регионалниот центар за управување со кризи веќе доставил известување до надлежните за ваквата состојба и им ја пренеле препораката од Центарот за јавно здравје да се изврши асанација на објектите, дезинфекција на водата и задолжително пред пиење истата да биде провриена.

 

А.Д



Share

Додади коментар