Неисправна е водата за пиење во неколку села
26-02-2016 РЕГИОН

Државниот и санитарен инспекторат донесе решение со кое се забранува употребата на водата за пиење од локалните водоводи во селата Страгово, Крњево, Бошава, Чемерско и Бохула.

 

Забраната е веќе во сила поради неисправност на водата. Општина Кавадарци е веќе известена за овој проблем и работи на отстранување на причините за неисправноста на водата.

 

Од  Локалната самоуправа  апелираат до жителите од овие села да не ја користат водата од локалните водоводи за пиење и други санитарни потреби.

 

А.Д



Share

Додади коментар