Неделава сонце, облаци, дожд

Во наредните два дена ќе преовладува сончево и топло време, а во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има појава на локален пороен дожд со ретки грмежи.

 

Пооблачно и понестабилно, особено во северните и источните делови, ќе биде во петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе опадне за околу 5 степени.

 

Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а од недела попладне се очекуваат нови врнежи од дожд.

 

 УТРЕ:  Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.



Share

Додади коментар