Црвениот Крст на Кавадарци ја одбележува неделата за борба против дијабетесот или шеќерната болест. Со низа активности оваа хуманитарна организација ќе се потруди да наметне превенција и поголема едукација кај населението. Надлежните пак потенцираат дека бројката на дијабетичари е во постојан пораст. Д-р Методија Ташев. интернист од Општа Болница Кавадарци во изјава за ктв говори дека се намалува и годишната граниза на дијабетичари во Кавадарци.
Во рамки на неделата за борба против шеќерната болест и во рамки на неделата на стари од Црвениот Крст Кавадарци велат дека ќе бидат организирани уште низа активности покрај ваквите превентивни предавања, делењето на едукативни флаери ќе има до крајот на годината и бесплатно мерење на шеќерот во крвта. М.Младенова
Додади коментар