Неготино ќе гради нов резервоар за вода
22-05-2013 РЕГИОН

Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на кординативниот состанок со одговорните од ЈП Комуналец иницираше иградба на нов и поголем резервоар за вода.

Во рамките на континуираните напори за подобрување на состојбите со водоснабдувањето, покрај проектот што се спроведува со поддршка од Германската банка за обнова и развој со кој во првата фаза старите се менуваат со нови автоматизирани водомери, а во втората фаза комплетно ќе се реконструира старата и дотраена  водоводна мрежа која придонесува за создавање на загуби на водата која доаѓа од регионалниот водовод  Лукар.

За таа цел, Комуналец е задолжен да ангажира консултантска фирма која во рок од 2-3 недели ќе изготви извештај за тоа каде е најпогодно да се гради новиот резервоар и со колкав капацитет да биде, по што стручните служби при локалната самоуправа ќе изработата основен проект.

Се верува дека со изградбата на новиот резервоар ќе се обезбедат дополнителни количини вода кои ќе придонесат за укинување на дневните и ноќните редукции, односно крајната цел е долгорочно решавање на овој децениски проблем со кој се соочуваат граѓаните на Неготино и добивање на 24 часовно континуирано и редовно водоснабдување.



Share

Додади коментар