Неготино ја прослави независноста на Македонија – 400 моторџии пристигнаа во градот
10-09-2013 РЕГИОН

Околу 400 учесници на традиционалното мото-рели Македонија независност – 2013, во неделата на пладне се собраа на градскиот плоштад во Неготино по повод Денот на независноста на Македонија.

Градоначалникота општината, Ванчо Апостолов, им поака добредојде на моторџиите, ги поздрави и им го честита празникот 8-ми Септември на гостите и на граѓаните на Неготино.

Сојузот на моторџиите на Македонија пак, на градоначалникот на Неготино, Апостолов му доделија благодарница за поддршката која ја добиле.

Моторџиите во градот престојуваа следните два часа. Инаку, овогодинешниот 8-ми Септември се прослави во духот на спортот, а вчерашното случување Локалната самоуправа на Неготино, на граѓаните им го најави уште претходната недела.

 

Елена Данова



Share

Додади коментар