Неготино се подготвува за прослава на Свети Трифун
07-02-2017 РЕГИОН

Општина Неготино и оваа година подготви програма богата со настани со која традиционално ќе се одбележи празникот на лозарите и овоштарите „Свети Трифун“. Предавање за лозарите од страна на стручни лица, закројување на виновата лоза, богата културно-уметничка програма, избор на најквалитетни вина и ракии и други настани се само дел од богата програма. Во петок 10 февруари од 18.00  во голема сала на Собранието м-р Игно Тасев ке одржи предавање за примена на енолошки средства во производство на вина во домашни услови.

 

Во недела 12 февруари од 10.00-12.00 часот ке се одржи организирана дегустација односно натпревар за вино и ракија на индивидуалните производители во општина Неготино во ресторанот Чардак а вечерта од 19 часот во домот на културата заинтересираните ке може да проследат театарска претстава од скопскиот театар „Крик“. Во понеделник 13 февруари од 10.30-11.30 во големата собраниска сала роф. д-р Виолета Димовска од Факултет за земјоделски науки Гоце Делчев од Штип ке одржи предавање за состојбата и перспективата на сортата „Вранец“ во Р Македонија.

 

Потоа од 12.00-14.00 во Галеријата на вино во Mанастирот „Св. Ѓорѓи“ ке се одржи дегустација по повод Денот на виното „Вранец“. Од 18 часот во големата сала на собранието АПРЗ ПЕ Неготино во соработка со „Хемомак Пестициди” организира предавање за заштита на земјоделските растенија и производи. Во истиот термин од 18 часот во музејот на град Неготино ке биде отворена Традиционалната копаничарска изложба, за да потоа од 19.00 часот во домот на културата се одржи Концерт на домашни и интернационални фолклорни друштва И на самиот празник на 14 февруари (Вторник) од 10.00 - 10.30 предвиден е прием на гостите во општина Неготино од 10.30 - 12.00 ке се одржи фолклорно дефиле и фолклорно-културни изведби на бината на градскиот плоштад, од 12.00 - 12.45 ке се случи ритуалот на обредно закројување на винова лоза и доделување на награди на учесниците во натпреварот за најдобри вина и ракии. За на крај од 12.45 - 17.00 предвидена е централната прослава „Св.Трифун 2017“ со културно - уметничка програма и со учество на локални естрадни уметници и групи и посета на промотивни штандови со вино и храна.

Мики Виденовиќ



Share

Додади коментар