Опшина Неготино објави повик за продажба на градежно земјиште по пат на лицитација.Дел од працелите за кои ќе се наддава се со почетна цена од едно евро. Се нудат 6 градежни парцели со намена за лесна индустрија и стоваришта, од кои 3 парцели за изградба на стопански комплекс за откуп, преработка, складирање и дистрибуција на земјоделски производи. Почетната цена е едно евро за метар квадратен, како и 3 парцели за изградба на објекти од лесна индустрија со почетна цена од 148 денари за метар квадратен.
Се продаваат и 7 градежни парцели за изградба на винарии. Почетната цена е 148 денари за метар квадратен, а парцелите се наоѓаат во катастарските општини Неготино, Црно поле и Црвени брегови. Други пак две парцели се наменети за изградба на објекти за индивидуално домување со почетна цена од евро за метар квадратен.
Сите заинтересирани, пријавите за учество на лицитацијата треба да ги доставуват во писмена форма за секоја градежна парцела поединечно, најдоцна до 18-ти октомври годинава до општината. Лицитацијата е закажана за 22 октомври
Ангел Данов

Додади коментар