Неготино и Градско добија нов градоначалник, во Росоман и Демир Капија втор круг
18-10-2021 РЕГИОН

Со 5.855 гласа д-р Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Неготино, покажуваат податоците од ДИК. Тој го победи актуелниот градоначалник Тони Делков од СДСМ со 1000 гласа разлика.

 

За членови на советот ВМРО-ДПМНЕ освои 4776  гласа, СДСМ 4.336, Левица 1035, Единствена Македонија 134, МААК 177 и ТМРО 304 гласа.

 

Во Демир Капија ќе има втор круг на гласање, а во водство е кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник, Лазар Петров. Тој освои 1219 гласа, а неговиот против кандидат Андон Донев 25 гласа помалку, или 1194 гласа.

 

Во Росоман исто така во водство е кандидатот на СДСМ, Стојан Николов кој освои 1148 гласа. Во втор круг со него влегува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тихомир Николов. Независниот, Стојанче Лазов освои 313 гласа.

 

Во Градско завршија локалните избори во прв круг. Победник е Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 1160 гласа. Неговиот противкандидат од СДСМ и актуелен градоначалник Роберт Бешовски освои 841 глас.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар