Општина Неготино со општина Амлопиа од Грција работат на унапредување на пчеларството и производството на пчелни производи. Тие реализираат заеднички проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка.
Вчера и денеска во Неготино се разгледуваа реализираните активности, а се договараа и следните активности за овој проект.
Станува збор за проект во вредност од 272.489 евра наменети за општина Неготино од кои 85 отсто се обезбедени од Европската унија и 15 отсто од национално кофинансирање, додека општината партнер Алмопија на располагање има 268.145 евра.
„ Би сакал да потенцирам, , дека овој проект е насочен кон поврзување на двете општини во делот на економскиот развој на пчелните производи фокусирајќи се на поддршката на пчеларите од неготинска општина, а еден дел од средства ќе бидат наменети за изградба на 400 метри делница од новиот пат од Г.Дисан до Вешје чија изградба е во тек“ рече градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов.
А.Д
Додади коментар