Не очекуват прилично високи температури

Времето денеска  ќе биде претежно сончево, а на планинските предели со мала во умерена облачност. Ке продолжи да дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утрнската температура во земјава ќе биде во интервалот од 10 до 18, а највисоката дневна ќе достигне од 29 до 36 степени.

УВ индексот ќе има вредност 8.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Од утре подрачјето на Македонија постепено ќе подпадне под влијание многу топла воздушна маса од југозапад , која во наредните 3 до 4 денови ќе предизвика надпросечни топли дневни температури. Особено топло ќе биде в среда и четврток. Повеќе ке бидат зафатени северните подрачја на земјава и долж повардарието. На повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 36 степени а во југоисточниот дел се очекува да достигне до околу 40 степени.

Извор: УХМР



Share

Додади коментар