Не очекуваат пеколни температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ = 9. Максималната температура ќе достигне до 37 степени.

Во следните денови под влијание на многу топла воздушна маса ќе има позначителен пораст на дневните температури, а особено топло ќе биде во среда и четврток кога температурите на југоистокот од земјата ќе достигнат и до 40 степени.

Во четврток претпладне ќе биде и понатаму доста топло, а попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален, повремено пороен дожд и грмежи, што ќе донесе спуштање на дневните температури во петок за 3 до 4 степени.

Во петок ќе дува и умерен до повремено засилен претежно северен ветер. Од сабота повторно ќе биде стабилно и потопло. Вредноста на УВ индексот за време на викендот ќе биде 8.



Share

Додади коментар