НВО можат да аплицираат за подршка на нивни проекти од општината
21-10-2015 РЕГИОН

Невладините организации, здруженијата на граѓани и фондации можат да аплицираат по објавениот повик од општина Кавадарци за финансирање на нивни проекти и програмски активности.

Како што се наведува во јавниот повик распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година наменети за финансирање на проекти и програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации.

 

Сите заинтересирани Здруженија и Фондации своите предлози треба да ги достават до Општина Кавадарци, Сектор за локален економски развој. Средствата се однесуваат за планирани активности и проекти за период до крајот на 2016 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016.

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите се:  Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации со седиште во Кавадарци, да спроведуваат активности од минимум една година; да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес; да не добиле средства или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.

 

За аплицирање потребно е да достават компјутерски пополнета, потпишана од застапникот на здружението или фондацијата и заверена со печат на здружението или фондацијата; Фотокопија од решението за регистрација , Жиро сметка од здружението или фондацијата; Годишен извештај за спроведени активности на здружението или фондацијата за претходната година, финансирана од буџетот на Општина Кавадарци.

Крајниот рок за поднесување на пријавите е до 03.11.2015 година, до 16:30 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат исклучиво лично или по пошта (пријавите доставени по e-mail или факс нема да бидат разгледувани велат од општината.



Share

Додади коментар